Понудете алтернативни решенија на достава со нашите пакетомати и намалете го времето и трошоците за достава.
Пренасочување на доставата до пакетомат
Понудете дополнителни прифатливи решенија. Примателот однапред одредува пакетомат за достава кој е функционален 24/7.
Решение за неуспешни испораки
Уште една неуспешна достава до домашна адреса? Нема проблем, оставете ја пратката во еден од нашите пакетомати и заштедете на трошоци и време.
Поефикасна испорака во предизвикувачки подрачја
Искористете го My Box пакетоматот за подрачја во кои испораката е неисплатлива, намалувајќи го времето за достава.
Решение за масовни испораки
Недостаток на возачи? Преоптовареност на складиштата? Искористете ја палетата на услуги на My Box.
Наместо губиток, трансформирајте ги неуспешните испораки во профит
Оптимизирајте ги вашите трошоци со пренасочување на пратките во најблискиот пакетомат кога доставата до домашна адреса не е успешна. Исто така, понудете ги пакетоматите како алтернативен метод за преземање на пратки од вашите корисници.
Искористете ги My Box пакетоматите за проблематични доставни подрачја
Знаеме дека во некои подрачја во урбаните средини доставата претставува предизвик. Нудиме густа и растечка мрежа на пакетомати. Искористете ја и подобрете го своето време на испорака со значајно намалување на трошоци.
Управување со ресурси
Во случаи кога имате преоптоварување на капацитетите за складирање или имате недостаток на курири, одберете ги My Box пакетоматите за решавање на сериозни предизвици.
Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство на нашата веб-страница. Со прелистување на оваа веб-локација, вие се согласувате со нашата употреба на колачиња.