Кога пратката ќе пристигне во пакетоматот, примателот добива СМС известување со локацијата на пратката, временскиот период за подигнување и кодот за преземање.
Како да ја преземете пратката?
Следете ги чекорите подолу на touch екранот од пакетоматот.
01
Проверете го СМС известувањето
Во СМС пораката ќе ги добиете локацијата на пакетоматот, рокот за подигнување и кодот за преземање на пратката.
02
Активирајте го екранот
При доаѓање до пакетоматот, допрете го touch екранот за да го активирате.
03
Изберете јазик
Од јазичното мени изберете го јазикот на кој сакате да бидете опслужени.
04
Изберете „ПРИЕМ“
По изборот на јазик, од трите понудени опции изберете „ПРИЕМ“.
05
Внесете го кодот за подигнување
На екранот внесете го кодот за подигнување што го добивте по СМС и кликнете „ОДИ“.
06
Потврдете го преземањето
Потоа се појавува мени од кое можете да ја преземете пратката или да го откажете преземањето.
07
Доколку пратката е со откуп
Ако пратката е со откуп / плаќање при достава, на екранот ќе се појави QR код. Скенирајте го со вашиот мобилен телефон.
08
Извршете online плаќање
QR кодот ве носи на страницата за online плаќање. Отворете ја пратката, изберете „ПЛАТИ“, внесете ги податоците од платежната картичка и одобрете ја наплатата.
Преземете ја вашата пратка
По успешната потврда или плаќање, продолжете според инструкциите на екранот за подигнување на пратката.
Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство на нашата веб-страница. Со прелистување на оваа веб-локација, вие се согласувате со нашата употреба на колачиња.