Пратка Шкафче до адреса

Праќањето на пратки стана полесно.

Оставете ја вашата пратка во My Box шкафче во ваша близина, а нашиот курир ќе ја достави директно до адресата на примателот. За користење на услугата, креирајте или најавете се на вашиот профил на klik.mybox.mk.

01

Одберете „Креирај“

На почетното мени одберете ја опцијата „Креирај“ за да започнете нова нарачка.

02

Изберете „Шкафче до адреса“

Од понудените услуги одберете ја опцијата „Шкафче до адреса“.

03

Внесете ги податоците за примателот

Името на испраќачот е преземено од вашиот кориснички профил. Пополнете ги потребните податоци за примателот и адресата за достава.

04

Дефинирајте ги атрибутите на пратката

Внесете вредност на пратката доколку ја има, откуп доколку е потребно, коментар и означете дали пратката е кршлива. По потреба можете да нарачате пакување или да испечатите адресница.

05

Изберете големина на шкафче

Согласно големината на пратката изберете го соодветното сандаче: XS, S, M, L, XL или XXL.

06

Изберете пакетомат за депонирање

Од мапата или преку пребарување изберете го пакетоматот во кој ќе ја оставите пратката.

07

Изберете термин за депонирање

Одберете еден од достапните термини за депонирање на пратката во избраниот пакетомат.

Завршете ја нарачката

Проверете ги внесените податоци и на крај одберете „Креирај нарачка“. Пратката ја депонирате во избраниот пакетомат, а My Box ја доставува до адресата на примателот.