Како да креирате корисничка сметка

За креирање на нарачки (пратки) преку My Box потребно е да креирате свој кориснички профил. За таа цел треба да се најавите на klik.mybox.mk.

Регистрација во неколку чекори

Следете ги чекорите подолу за да го креирате и активирате вашиот My Box профил.

01

Одберете „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“

На страницата за најава одберете ја опцијата „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“.

02

Пополнете ги бараните податоци

Пополнете ги полињата со бараните информации и повторно одберете ја опцијата „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“.

03

Потврда за успешна регистрација

По внесувањето на сите податоци и избирањето на опцијата „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“, ќе добиете порака за успешна регистрација.

04

Активирајте го профилот преку e-mail

Следниот чекор е активација на профилот преку електронската порака испратена на вашата e-mail адреса. Во пораката одберете „АКТИВАЦИЈА“.

05

Креирајте лозинка

Линкот за активација ќе ве однесе на корисничката страна, каде треба да креирате и потврдите лозинка која ќе ја користите за вашиот профил.

06

Потврдете ја активацијата

По креирање на лозинката ќе добиете потврдна порака дека профилот е активиран. Одберете ја опцијата „ВО РЕД“.

07

Најавете се

По ова само треба да се најавите на сајтот. Вашиот профил е подготвен за креирање на нарачки и нивно следење.

Вашиот My Box профил е подготвен

Најавете се и започнете со креирање и следење на вашите пратки.