За нас
Ние сме иднината на доставата на пакети.
My Box е хибридна логистичка и технолошка компанија која го револуционизира начинот на достава на пратки во Македонија и регионот. Со иновативните пакетомати, нудиме брзи, безбедни и автоматизирани решенија за испорака што овозможуваат максимална удобност за корисниците. Пакетомати се поставени на повеќе локации низ целата земја и се достапни 24/7, овозможувајќи флексибилност и независност при подигнувањето на пратките.
Наша Мисија
Мисијата на My Box е да го поедностави и модернизира процесот на испорака, обезбедувајќи брзи, ефикасни и сигурни решенија кои ги унапредуваат услугите на достава во Македонија.
Со примена на напредни технологии и современи безбедносни механизми, гарантираме заштита на пратките и непречено корисничко искуство, овозможувајќи практична, бесконтактна и достапна достава за сите.

Било кога 24/7
Независност и практичност. Преземете ја вашата пратка во било кое време од денот, 7 дена во неделата.

Брзо
Сакаме да сме брзи и ефикасни. Сите пратки се испорачуваат во рок од 2 до 3 денови на цела територија на Македонија.

Достапност
Нудиме премиум услуги по цени со соодветна вредност за парите, како за нашите партнери, така и за крајните потрошувачи.

Зелени сме
Преку групни достави на една локација (пакетомат) и еколошки возила, ја намалуваме емисијата на штетни гасови.
„Слободни“ потрошувачи!
Потрошувачите немаат време да чекаат на својот пакет дома, или самите да го подигаат од хабовите. Време е да ги „ослободиме“ од чекање во редици за да подигнат нешто до кое сега може да се пристапи во секое време. Цврсто веруваме дека компаниите за достава на пратки треба да се прилагодат на распоредот на клиентите, а не обратно.
Подобрете ја вредносната понуда на партнерот
Во онлајн светот, клиентите се на еден клик од наоѓање подобра понуда. Затоа, ние сме тука да им помогнеме на нашите партнери во е-трговијата да го зголемат задоволството и искуството на клиентите преку нудење на конкурентска предност со практична испорака.
Нудиме ефикасни решенија на курирските компании
Надополнување наместо натпревар. My Box може да биде доверлив деловен партнер кој им помага на курирските компании да понудат разновидност и да ги збогатат своите услуги. Нудењето комбинација од достава до дома и достава до пакетомати го диверзифицира портфолиото на производи и ги задоволува различните потреби на клиентите.