На почетното мени одберете ја опцијата „Креирај“ за да започнете нова нарачка.
02
Изберете „Адреса до шкафче“
Од понудените услуги одберете ја опцијата „Адреса до шкафче“.
03
Внесете ги податоците за примателот
Името на испраќачот е вашето име од корисничкиот профил. Пополнете ги потребните податоци за примателот.
04
Проверете ги податоците за адресата
Внесете или проверете ја адресата од која курирот треба да ја преземе пратката и податоците за примателот.
05
Внесете вредност и откуп
Доколку пратката има вредност или откуп, внесете ги потребните податоци. Можете да додадете коментар, да означите дали пратката е кршлива и по потреба да испечатите адресница.
06
Изберете соодветна големина
Согласно големината на пратката изберете соодветно сандаче: XS, S, M, L, XL или XXL.
07
Изберете дестинациско шкафче
Од мапата или преку пребарување изберете го My Box пакетоматот каде примателот ќе ја подигне пратката.
08
Изберете достапен термин
Одберете еден од достапните термини за достава до избраното дестинациско шкафче.
Завршете ја нарачката
Проверете ги внесените податоци и на крај одберете „Креирај“. My Box курир ќе ја преземе пратката од адресата и ќе ја достави до избраното шкафче.
Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство на нашата веб-страница. Со прелистување на оваа веб-локација, вие се согласувате со нашата употреба на колачиња.