Депонирање на пратка

По креирање на нарачка на klik.mybox.mk за депонирање во пакетомат, корисникот добива баркод со кој му се дава пристап кон резервираното сандаче.

Како да ја депонирате пратката?

Следете ги чекорите подолу на touch екранот од пакетоматот.

01

Активирајте го екранот

При доаѓање до пакетоматот, на екранот може да се прикажуваат рекламни видеа. За активација, доволно е да го допрете екранот.

02

Изберете јазик

Од јазичното мени на touch екранот изберете го јазикот на кој сакате да бидете опслужени.

03

Изберете „ИСПРАТИ“

По изборот на јазик, на екранот се појавуваат три опции. Одберете „ИСПРАТИ“.

04

Внесете број или скенирајте баркод

На екранот ќе добиете опција да внесете број на пратката или да го скенирате баркодот. Баркодот може да биде на отпечатената адресница или во вашиот профил во делот Нарачки.

05

Најдете ја адресницата во профилот

Во профилот отворете НАРАЧКИ, кликнете на трите точки кај нарачката и изберете ПЕЧАТ АДРЕСНИЦА. Адресницата можете да ја зголемите и да го скенирате баркодот.

06

Потврдете ја пратката

По скенирањето на баркодот ќе добиете порака дека пратката е подготвена за депонирање. Одберете ПОТВРДИ.

07

Сандачето автоматски се отвора

По потврдата, сандачето во кое треба да се депонира пратката автоматски се отвора.

08

Депонирајте ја пратката

Физички ставете ја пратката во отвореното сандаче и затворете ја вратата. Со ова процесот на депонирање е завршен.

Пратката е успешно депонирана

По затворањето на сандачето, процесот на депонирање е завршен.