Како да креирате корисничка сметка За креирање на нарачки (пратки) преку My Box потребно е да креирате свој кориснички профил. За таа цел треба да се најавите на klik.mybox.mk. Отвори klik.mybox.mk Регистрација во неколку чекори Следете ги чекорите подолу за да го креирате и активирате вашиот My Box профил. 01 Одберете „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“ На страницата за најава одберете ја опцијата „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“. 02 Пополнете ги бараните податоци Пополнете ги полињата со бараните информации и повторно одберете ја опцијата „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“. 03 Потврда за успешна регистрација По внесувањето на сите податоци и избирањето на опцијата „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“, ќе добиете порака за успешна регистрација. 04 Активирајте го профилот преку e-mail Следниот чекор е активација на профилот преку електронската порака испратена на вашата e-mail адреса. Во пораката одберете „АКТИВАЦИЈА“. 05 Креирајте лозинка Линкот за активација ќе ве однесе на корисничката страна, каде треба да креирате и потврдите лозинка која ќе ја користите за вашиот профил. 06 Потврдете ја активацијата По креирање на лозинката ќе добиете потврдна порака дека профилот е активиран. Одберете ја опцијата „ВО РЕД“. 07 Најавете се По ова само треба да се најавите на сајтот. Вашиот профил е подготвен за креирање на нарачки и нивно следење. Вашиот My Box профил е подготвен Најавете се и започнете со креирање и следење на вашите пратки. Најави се