Упатство за употреба

Како да испратите пратка со My Box

01.

Регистрирај се

За да испратите пратка, прво е потребно да се регистрирате на официјалната веб-страница на My Box

02.

Креирајте нарачка

Внесете ги податоците на примачот, изберете локација на пакетоматот, соодветна големина на шкафче и начин на плаќање:

  • Плаќање веднаш
  • Плаќање подоцна
  • Примачот плаќа при подигнување
03.

Добијте известување

По успешно креирање на нарачката, ќе добиете код за следење, кој можете да го препратите на примачот. Опционално, испечатете налепница за пратката и залепете ја на пакетот.

04.

Оставете ја пратката

Во избраниот пакетомат, внесете го кодот за испорака или скенирајте го на уредот, по што ќе се отвори соодветното сандаче каде што треба да го оставите пакетот и затворете ја вратничката

05.

Преземање од курир

Курир од My Box ќе го преземе пакетот и ќе го транспортира до магацин, од каде што ќе биде распределен и испорачан до конечната дестинација.

06.

Пакетот е подготвен за подигнување

Откако пратката ќе пристигне во одредишниот пакетомат, ќе биде подготвена за подигнување од страна на примачот.

07.

Известување за подигнување

Ќе добиете известување кога пратката ќе биде подигната или доставена до крајната локација.